Рации во Брисел, во тек е антитерористичка операција

Од:

Белгиската полиција денеска изврши рации во Брисел со претрес на осум станови во рамки на антитерористичка операција која е во тек, соопшти обвинителството.

Портпарол на канцеларијата на федералното обвинителство истакна дека рациите не се поврзани со нападите на Исламска држава во ноември 2015 година, ниту со бомбашките напади во Брисел во март минатата година.

Операцијата се уште трае, а во текот на денот ќе биде објавено соопштение.

Според белгиските медиуми, во рациите учествуваат припадници на специјални сили и полицискиот оддел за борба против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски