Пораз на Куманово и победа на Кожув во БИБЛ лигата

Од:

Половичен успех на македонските екипи во регионалната Балканска кошаркарска лига. Во натпреварите од последното 10. коло во првата фаза, Куманово загуби на гостувањето кај Рилски, додека Кожув го совлада актуелниот првак на БИБЛ лигата, Сигал Приштина.

Во рамките од групата А, екипата на Куманово на гостински терен во Бугарија кај составот на Берое загуби со 91-70.

Данило Мијатовиќ со 18 постигнати поени беше најефикасниот во редовите на нашата екипа.

Во Гевгелија, екипата на Кожув го совлада актуелниот шампион Сигал Приштина со 73-65. Убедливо најрасположен за игра во победничката екипа беше српскиот интернационалец Миливоје Мијовиќ кој средбата ја заврши со дабл-дабл ефекс од 26 поени и 13 скокови.

Со оваа победа Кожув го потврди третото место во оваа група, во која денеска се одигра и средбата Башкими – Тиват која заврши со победа на гостинската екипа со 79-76.

Така од оваа конкуренција првопласираните четири тима: Куманово, Берое, Кожув, Теодо обезбедија пласман во следната „Топ 8“ фаза.

Во неа ќе играат и другите две македонски екипи Фени Индустри и Карпош Соколи, кои својот натпревар од последното коло во Б групата ќе го одиграат утревечер во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ