Околу 200 затвореници избегале денеска од затвор во бразилскиот град Бауру, во државата Сао Паоло, откако претходно избил бунт, соопштија локалните власти.
Бунтот започнал кога еден затвореник бил откриен дека користи мобилен телефон и бил уапсен од обезбедувањето. Тоа предизвикало револт кај другите затвореници, кои нападнале неколкумина стражари, кои биле принудени да се скријат. Затворениците запалиле душеци, предизвикувајќи пожар во дел од зградата, а дел од нив успеале да ја искористат ситуацијата и избегале.
Повеќето продавници, канцеларии и училишта биле затворени, жителите се зтвориле во своите домови, стравувајќи од напади и кражби. Полицијата веднаш успеала да приведе половина од избеганите, а продолжува да трага по останатите.