Создавањето постојани вселенски бази на Марс може да е предвремено и многу скапо, така што, подобро е прво вниманието да се насочи кон освојување на Месечината, велат руски научници од институтот „Лавочкин” за ТАСС.
Според нив, современата наука и сознанија за колонизација на Вселената ја посочуваат Месечината како првото најперспективно небесно тело каде тоа моментно е изводливо.
Аналогни планови за Марс засега се невозможни. Причината за тоа е едноставна: обезбедувањето на патот на астронаутите, како и на самиот престој на Црвената Планета, е ризично, а и непотребно премногу скапо.
Како и да е, засега и испитувањето на евентуалната изградба на живеалишта и лаборатории на Месечината е се уште во експериментална фаза и се одвива на Земјата.