Кекеновски: ВМРО-ДПМНЕ се спремни да продадат се за да си ја спасат сопствената кожа

Од:

Професорот Јове Кекеновски јавно преку социјалните мрежи ја искоментира изјавата на како што тој го нарекува безгласниот технички премиер каде Димитриев вели дека е логично Владата да ја составуваат македонската и албанската партија кои освоиле најмногу гласови на изборите и дека ВМРО-ДПМНЕ се спремни да продадат се само за да си ја спасат сопствената кожа.

ЛОГИЧНО Е ДА ИМААТ ЃОН ОБРАЗ.
ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ – безгласен технички премиер, пратеник и генерален секретар на ДПМНЕ – ,, Логично било победник со победник да ја составува новата влада”
. 
ОДГОВОР и ПРАШАЊЕ – Логично беше конечно јавно да покажете дека целата партиска врхушка имате ѓон образ. Сега ти текна така перфидно да се повикуваш на Мајскиот договор од 2008 година кој твојот лидер во најголема тајност го потпиша со Ахмети. Досега збор не зуцнавте дека истиот постои и го криевте како најголема тајна. 
Да ја потсетам јавноста дека според документите објавени на Викиликс, Груевски побарал од Ахмети да му помогне да остане на премиер, а за возврат да предложи Закон со кој борците на ОНА би добивале социјални пакети, како и Закон за употреба на албанскиот јазик како официјален јазик
. 
 Што сте спреми сега да продадете од националното само да опстанете на власт? Зарем остана уште нешто непродадено што би ви помогнало да си ја спасите кожичката?. Ајде да ве видиме квази патриоти до каде можете да одите со разнебитување на државава!? 
Го споменувате цело време Ќосето нели…?, напиша Кекеновски на својот Фејсбук статус.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ