Американските медиуми пишуваат дека екс претседателот на САД, Барак Обама по напуштањето на Белата куќа имал опасен лет со неговото семејство и принудно слетување.
Тој веднаш по инаугирацијата со сопругата Мишел, ќерките Малија и Наташа отпатувале на одмор на Палм Спрингс.
Меѓутоа во Калифорнија имало големо невреме. Дождот и маглата ја намалиле видливоста на неколку десетина метри, а авионот во кој се наоѓале Обама и семејството кружел околу 40 минути над меѓународниот аеродром во Палм Спрингс.
Пилотот бесупешно се обидувал да слета. Напнатоста кај патниците растела, а пилот по консултациите со Барак Обама и со контролата на летање одлучил да се упати кон блиската воена база.