Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама пред свеченоста со која Доналд Трамп и официјално стана Претседател на Америка, на мобилната апликација „Снапчет“ објави фотографија на која е прегрната со својот сопруг, Барак Обама и напиша: „Да се биде ваша прва дама беше животна чест. Ви благодарам“.
Обама во својот последен говор како Претседател на Мишел и изрази бескрајна благодарност за целата љубов и поддршка.
– Мишел ЛаВон Робинсон, ти си девојката од југот која изминативе 25 години не беше само моја сопруга и мајка на нашите деца, туку и мој најдобар другар”, рече тој.
Барак Обама веднаш по завршувањето на неговиот втор мандат заедно со сопругата замина на одмор во Палм Спрингс, со што го исполни своето ветување дека еден ден ќе заминат на одмор каде што температурата е повисока од таа во Вашинтон.