Дачиќ: Ако ве навредува БЈРМ, зошто седите во ОН, ЕУ, ОБСЕ и Советот на Европа?

Од:

За Србија е навредливо користењето на називот „Република Косово“, одговори експресно шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по повод барањето на Министерството за надворешни работи на Македонија да не се користи референцата БЈРМ, затоа што е навредлива.

– Ние бараме обостран коректен однос. Ако веќе протестираат поради признаницата за патарина, што би требало ние да направиме поради нивното признавање на Косово и гласањето во УНЕСКО, изјави Дачиќ за „Вечерње новости“.

Дачиќ, исто така, праша зошто Македонија не ги напушти Обединетите нации, Советот на Европа, ОБСЕ и состаноците со ЕУ, каде фигурира под референцата БЈРМ.

– Зошто седат под тоа име, а сега им е проблем признаницата на која истото го пишува? Србија не го сменила својот став за признавање на Македонија, но и за Србија е навредливо и срамно кога тие велат „Република Косово“ – рече Дачиќ.

Србија сепак и пкрај ваквиот одговор на Дачиќ го брише БЈРМ, од утре на делницата на автопатот кај Прешево ќе пишува релација “Левосоје-Прешево“, а не како досега “Владичин Хан-граница со БЈРМ“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски