Ѓорчев: Очекуваме стратешкото партнерство меѓу РМ и САД да се интензивира

Од:

ВМРО-ДПМНЕ му ја честита инагурацијата и стапувањето на функција на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

– Да посакаме стратешкото сојузништво помеѓу Република Македонија и САД да продолжи да се развива и да се интензивира, истакна на прес-конференција членот на ИК Влатко Ѓорчев.

Ѓорчев исто така го честита и изборот на Антонио Тајани за претседател на Европскиот Парламент.

– Господинот Антонио Тајани е долгогодишен пријател на Република Македонија, поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ и се надеваме дека со неговото претседателство во ЕП, соработката помеѓу Република Македонија и ЕУ ќе се интензивира и дека Република Македонија ќе остане на патот на она што е наша стратешка определба, тоа е полноправно членство во ЕУ, рече Ѓорчев.

На прес-конференцијата тој исто така информираше за ставовите на ИК на партијата за одлуката на СЈО да не постапува за случајот „Пуч“.

– Фарсата наречена Специјално јавно обвинителство целосно се делегитимираше себеси. ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја разгледуваше и анализираше последната скандалозна одлука на СЈО со која што Зоран Заев по втор пат избегнува кривична одговорност за криминалот во кој што е фатен, рече Ѓорчев.

Оценката на ИК, според него, била дека станува збор за срамна одлука со која што СЈО наместо орган кој што гони криминал се промовирал себеси во партиски орган на СДСМ и СОРОС, чија што основна задача е да го штити криминалот на Зоран Заев и злосторничкото здружение формирано околу него.

– Оваа одлука претставува и еден вид преседан, бидејќи експертската јавност не памети во правната пракса во Република Македонија, некој Јавен обвинител да се откаже од застапување на обвинението во оваа фаза на постапката, кога обвинителниот акт е правосилен и потврден од совет на судии. Со партиската одлука на Катица Јанева се дерогира и претходната судска пресуда изречена по признание на еден од членовите на злосторничкото здружение на Заев и Верушевски, рече Ѓорчев.

Според него, политичката одлука на Јанева е најдобра потврда дека Зоран Заев и Верушевски се фатени во криминал и дека органите на истрагата го поткрепиле случајот со цврсти и несоборливи докази.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, ги охрабрува институциите да работат согласно Уставот и законите и да не дозволат сторениот криминал да минува неказнето. Ѓорчев повтори дека Зоран Заев не е, ниту смее да биде привилегиран и над останатите граѓани.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски