Кога имате пазар од речиси една милијарда корисници, можете да правите што сакате.
Токму тоа е заканата на Фејсбук кон смс пораките, кои прославија 20 години постоење на 3 декември.
Новата апликација за пораки, „Facebook messеnger“, доколку работи, има потенцијал да го зголеми бројот на корисници за двојно.
Користењето е многу едноставно, не треба да имате Фејсбук профил, не треба да имате и-мејл, се што ви треба е име и телефонски број. Не треба дури да имате и смартфон, туку може да се користи и со обичен телефон.
Целта на Фејсбук е преку апликацијата за пораки, да привлече уште повеќе корисници, а и да го преземе пазарот вреден милијарди пораки дневно.