Почина новороденче во село Истибања

Од:

Новороденче, чии родители живеат во селото Истибања, Виничко, починало вчераутро, соопшти полицијата.

Немилиот настан го пријавил дежурен лекар од Итната медицинска помош откако службата била повикана во домот на бебето.

Според полицијата, таткото забележал дека бебето, родено на 13 јануари годинава, не дава знаци на живот и било помодрено по телото.

Тој и неговата сопруга живееле како потстанари во куќа, сопственост на К.П.

Од извршениот лекарски преглед е констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он