ВМРО-ДПМНЕ: На локалните избори граѓаните ќе го казнат СДСМ

Од:

Центарот за комуникации на СДСМ поддржан од фондовите на СОРОС потврди дека и официјално воопшто не им е грижа за над 120 000 граѓани од Куманово кои веќе 3 месеци се трујат од загаденост.

Постои сериозна тенденција кај граѓаните во Куманово да се појават канцерогени болести, за кои директно ќе бидат виновни СДСМ и локалната власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ.

За разлика од Градот Скопје кој ги презема сите неопходни мерки против загадувањето, СДСМ во Куманово не презема никакви мерки и свесно е виновна за труењето на над 120 000 граѓани.

Доколку СДСМ беше толку одговорна и грижлива за граѓаните, истите квази мерки кои ги предлага ќе ги применеше и во Куманово.

СДСМ и нивниот партиски лидер сакаат да ги гасифицираат градовите по примерот на Струмица. Тоа значи да му ја доделат набавката на гасот на нивниот партиски полтрон Митко Андреевски и преку сомнителни тендери продавајќи го гасот за 2 пати поголема цена од набавната да ги цицаат парите на граѓаните.

На СДСМ и Зоран Заев не им е грижа за граѓаните и решавањето на нивните реални потреби. Нив единствено им е грижа за “бонбона” бизнисите, за тендерите за гасот и за цицањето на општинските пари.

Затоа, на овие локални избори, граѓаните ќе го казнат криминално-мафијашкото работење на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски