Ќофтиња од месо полнети со сирење

Од:

Полнети ќофтенца со моцарела …

Потребно е:
450 гр мелено мисиркино месо
1 јајце, изматено
85 гр лебни трошки
1 лажица Ворчестер сос
1 чешне лук, издробено
1 лажиче сув босилек
1/2 лажиче оригано
1/2 лажиче сол
1/4 лажиче мелен бибер
100 гр моцарела, исецкана на коцки од 1 см
180 гр моцарела, изрендана

за сосот од домати:
2 лажици маслиново масло
170 гр кромид, ситно сецкан
3 чешниња лук, изрендани
2 лажици пасирани домати
800 гр цели домати (пелети) во конзерва
400 гр чери домати, исечени
3 лажици сецкан свеж магдонос
2 лажици сецкан свеж босилек
1 лажиче оригано
1 лажиче шеќер
1 лажиче сол

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги меленото месо, изматеното јајце, лебните трошки, Ворчестер сосот, лукот, ориганото, босилек, сол и бибер. Со рака убаво измесете ја смесата за да се поврзат сите состојки.

– Од смесата правете мали топчиња и во секое топче втиснете по една коцка моцарела сирење.

– Ќофтенцата испржете ги од сите страни на врело масло, околу 3 минути.

– Преминете на подготовка на сосот. Во подлабок сад на малку масло испржете го ситно исецканиот кромид додека да омекне. Додадете го лукот и пржете кратко само да замириса. Потоа додадете ги пасираните домати и мешајте 1 минута. Сега додадете ги пелетите и чери доматите, убаво измешајте и додадете ги и останатите состојки. Повторно измешајте, поклопете го садот и оставете го да се динста на средна температура околу 30 минути. Од време на време промешувајте.

– Испржените ќофтиња прелијте ги во тавата со подготвениот сос од домати и динстајте на средна температура уште 10 минути.

– Послужете ги топли посипани со изрендана моцарела.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска