Полнето пиле со компири

Од:

Потребно е:
1 поголемо пиле
сол, бибер
1/2 лимон
4 лажици масло
6 поголеми парчиња чадена сланина или шунка

за филот:
150-200 гр пилешки дробови
2 варени јајца
1 свежо јајце
1 1/2 кришка бел леб
1/2 главица кромид
2 чешниња лук
2 лажици путер
1 лажица масло
1 поголем морков
1/2 црвена пиперка
1/2 жолта пиперка
2 лажици ситно сецкан свеж магдонос
1 полно лажиче мешан сув зачин
сол, бибер

за компирите:
1,5 кг компири
8 лажици масло
крупна морска сол
крупно мелен црн бибер
8 чешниња лук (неизлупени)
12-14 листови жалфија

Подготовка:
– Прво подгответе го филот. Сварете ги јајцата, оставете да се изладат, излупете ги и исецкајте ги на коцки.

– Измијте ги пилешките дробови и исецкајте ги на мали коцкички.

– Лебот потопете го во млака вода. По неколку минути извадете го од водата и убаво исцедете го во рака.

– Кромидот и лукот ситно исецкајте ги, а морковот излупете го и исецкајте го на мали коцки. Исто и пиперките исецкајте ги на мали коцки.

– Кромидот и лукот испржете ги на загреаните масло и путер. Додадете ги пилешките дробови и пржете додека не ја променат бојата. Додадете ги сецканите пиперки и морков и уште кратко пропржете. Зачинете со сол, бибер и мешан сув зачин. Оставете да се излади. Во изладената смеса додадете го сецканиот магдонос, свежото јајце и сецканите варени јајца. Со вилушка убаво измешајте ја смесата за да се соединат сите состојки.

– Пилето измијте го и избришете го со хартија. Намачкајте го со сок од лимон од надвор и од внатре. Оставете го во фрижидер околу 1 час. Потоа пилето наполнете го со филот и тоа така што прво одвоите ја кожата од месото и наполнете со филот, а со остатокот од филот наполнете ја внатрешноста на пилето. од надвор пилето намачкајте го убаво со сол и бибер. Пилешките крилца прицврстете ги со ластиче до пилешкото бело месо.

– Со парчињата сланина прекријте го пилето (како на сликата). Со чепкалки за заби затворете го отворот на пилето и прицврстете ја кожичката за месото на пилето.

– Компирите излупете ги, измијте ги убаво и исечете ги на тркалца со дебелина околу 1 см. Прелијте ги со масло и зачинете ги со сол и бибер. Додадете ги лукчињата и листовите жалфија и измешајте убаво.

– Пилето ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 1 час и 30 минути. По 30 минути од печењето додадете ги компирите и продолжете со печењето.

– Печеното пиле извадете го од рерна. Компирите ставете ги на чинија, а пилето исечете го на парчиња и сервирајте го заедно со компирите, филот и мешана свежа салата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска