ТОП 10 најбогати: Еден милијардер и неколку милионери меѓу градоначалниците

Од:

Анализирајќи ги податоците од анкетните листови, објавени на сајтот на Државната комисија за спречување на корупцијата, новинската агенција „Нетпрес“, ја објави листата на ТОП-најбогати градоначалници.

На неа има и изненадувања. За многумина за кои јавноста обвинуваше дека се енормно богати или ги нема или се подолу на листата.

Еве ја анализата на „Нетпрес“.

На прво место, или најбогат е  градончалникот на Центар Жупа, Мазлум Хасан.

Хасан поседува куќа со двор од 600 метри квадратни во Венеција, Италија вредна 60 милиони денари. Во Венеција има уште една куќа од  32 милиони денари, има куќа во село Коџаџик од 1.600 метри квадратни вредна 30 милиони денари. Има и  три автомобили, “мерцедес“, “ауди“ и “лада нива“ со вкупна вредност од околу 11 милиони денари и еден автомобил на неговата сопруга “бмв х-5“ вреден 3,3 милиони денари.

Има и  семејните бизниси во Венеција. Фирмата која е на име на неговите деца “Стар Хаус“ е проценета на 733 милиони денари. Во анкетниот лист стои и фирмата на неговиот брат “Стар Системи“ вредна 61 милиони денари, фирмата на неговата сопруга “Стар Хаус – Имобиларе“ е со исто толкава вредност.
Хасан поседува уште две фирми во Скопје со проценета вреднос од 12 и 15 милиони денари“, анализира Нетпрес.

На второ место е градоначалникот на  Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Неговото богатство се  проценува на над 300 милиони денари.

 Алексовски во Крива Паланка живее во дом вреден нешто повеќе од 15 милиони денари, се релаксира во куќата во Гиновци вредна 5,5 милиони денари, а станот што го поседува во Скопје му вреди 7,3 милиони денари.
Градоначалникот на Крива Паланка, според анкетниот лист, има четири девизни штедни книшки на кои има вкупна заштеда од 146 илјади евра, една денарска заштеда од 432 илјади денари. Неговите две деца имаат штедни влогови од по 25 илјади евра.

Највреден имот на Алексовски е неговиот шпедиторски бизнис проценет на вкупна вредност од 30 милиони денари, а фирмата на неговата сопруга вреди шест милиони денари“ ,  Нетпрес.

На трето место е   градоначалникот  на Центар, Владимир Тодоровиќ кој располага со богатство од близу 200 милиони денари.

 Од податоците на анкетниот лист може да се пресмета дека Тодоровиќ  располага со богатство од 199 милиони денари, но сепак оваа бројка е далеку од реалната бидејќи вредноста на фирмата “Тинекс“ и фирмата ќерка “Антера“ е непроценета.
Тодоровиќ поседува две куќи, во Скопје и Охрид, вредни 90 милиони денари. Стан од 50 метри квадратни во Скопје вреден три милиони денари. За две куќи не е наведена вредноста.

Тодоровиќ  има  заштеда  од половина милион евра орочени во НЛБ Тутунска банка, за кои на секои три месеци добива камата од 8.000 евра“ , објавува  Нетпрес

 Зад Тодоровиќ се најде градоначалникот на општина Чашка, Горанчо Пановски со имот вреден 177 милиони денари, потоа следи градоначалникот на Бутел со 163 милиони денари.
На петто место е градоначалниот на општина Бутел, Петре Латиновски со богатство проценето на 163 милиони денари. Меѓу највредните имоти на Латиновски се бензинска пумпа вредна милион евра, земјоделско земјиште со истата вредност  и магацински простор вреден 300 илјади евра.
Втората петорка до 10-те најбогати градоначалници ја сочинуваат Енвер Пајазити од општина Брвеница (134 милиони денари), Јован Ѓорѓиоски од општина Сопиште (58 милиони денари), Трајче Димитров, градоначалник на Демир Капија (52 милиони денари) и на самиот крај градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев (46 милиони денари).

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

А1он

Студент ставил „мито“ од 10 денари во индекс – добил десетка

Анита Петровска Рајковиќ