ДУИ контра ВМРО-ДПМНЕ за „десороизацијата“ и нападите на невладините организации

Од:

ДУИ не се согласува со ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу процесот на „десоросоизацијата”, процес кој го измисли и најави Никола Груевски против сите невладини организации финансирани од Фондацијата отворено општество Македонија. Од ДУИ за телевизија Алсат-М велат дека имаат добра соработка со невладиниот сектор и дека државните органи треба да се занимаваат со можните сомнежи од аспект на финансирањето на невладините организации, а не со нивната дејност.

– Невладините организации треба да имаат можност слободно да работат. Истото се однесува и на Фондацијата. Државните органи треба и ќе реагираат само доколку постојат сомневања околу изворите на финансирање или доколку нивната дејност е спротивна на законот. ДУИ ќе продолжи да има коректна соработка со невладините организации во земјава – велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ