Вардар закажа пет натпревари во Анталија

Од:

Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Вардар в сабота на 21 јануари заминува на подготовки во Анталија, Турција. „Црвено-црните“ таму ќе одиграат пет пријателски натпревари, а веќе се познати и противниците.

Вардарци ќе „отворат“ на 24 јануари со меч против некогашниот европски првак Стеауа Букурешт. Вториот тест е четири дена подоцна против рускиот прволигаш Амкар Перм, а потоа на 2 февруари ќе се одмерат силите со Дукла Прага од Чешка. Претпоследниот пријателски меч ќе биде против уште еден руски тим Анжи (5 февруари), а после четири дена серијата на пријателски мечеви се затвора со натпревар против Терек Грозни.

Вардарци во Анталија остануваат до 11 февруари за кога е планирано да се вратат во Скопје. Во моментов екипата се подготвува на тренинг кампот во Скопје.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска