Центар: Непознатиот советник на ВМРО-ДПМНЕ да не ја лаже јавноста

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку лаги се обидува да ги изманипулира граѓаните на Центар, а опседнатоста со Жерновски добива веќе медицински размери.

Добро е што конечно проговори непознатиот советник Јордан Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој никогаш не се јавил за збор на ниту една седница на општинскиот совет. Единствено што покажа досега е како да си го земе месечниот советнички паушал кој го “заработува” со молчење и неработење

Лошо е сепак што ја лаже јавноста за наводно неисчистените улици во Центар. Општинските служби од 06:00 часот утринава се на терен со целата механизација и само денеска се фрлени 55 тони сол по улиците на Центар.

Сите поблиски и подалечни населби се исчистени, за што сведочат фотографиите. Исчистени се и улиците на повисоките места на Водно и Крњево како и Маџир Маало. Последната обиколка на службите е направена во 15:30 часот и состојбата на сите коловози е добра.

Општината и во текот на денот издаде соопштение со кое ја потврдува работата на терен.

Наместо да ја манипулираат јавноста и со секојдневни прес конференции и да ловат ситни поени, ги повикуваме да се соочат со реалноста а причината за катастрофалниот пораз на изборите во Центар да го бараат во своите редови.

Граѓаните на Центар добро знаат дека освен криминалниот проект “Скопје 2014”, во кој само преку општина Центар ВМРО ДПМНЕ испраа 55 милиони евра, друг бенефит од 13 годишото нивно владеење не видоа, реагираат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина