Хан ги предупреди Белград и Приштина да не го загрозуваат постигнатотo во дијалогот

Од:

Европскиот комесар за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, денеска ги повика Србија и Косово да не го загрозуваат она што го постигнале претходно во дијалогот.

„Моја молба е да не се загрозува она што веќе е постигнато во дијалогот, и треба да се гледа напред, а не назад“, пшредупреди еврокомесарот Хан, пред состанокот на министрите за надворешни работи од ЕУ во Брисел.

Иако на дневен ред на денешниот Совет на министри за надворешни работи на ЕУ се прашањата за Сирија, Либан и мировниот блискоисточен процес, новинарите ги интересираше и мислењето на Хан за можното расипување на односите меѓу Србија и Косово, пренесува Танјуг.

На прашањето на медиумите дали претседателот на Србија Томислав Николиќ е тој кој гледа назад, Хан одговори:

„ Секој кој не гледа напред, гледа назад“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски