Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на актерот Сефедин Нуредини

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на eден од најпознатите актери на албанската драма Сефедин Нуредини.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име изразувам искрено и длабоко сочувство за загубата на Сефедин Нуредини.

Неговото заминување остава ненадоместлива празнина во вашето семејство, но и во театарската уметност во Република Македонија.

Сефедин Нуредини зад себе остави богато професионално творештво што несомнено и по неговата смрт останува патоказ со каква љубов, посветеност и работа се придонесува кон личниот напредок но и за развој на општеството во коешто живееме. Тој преку неговото животно дело и неуморната работа во создавањето на албанската драма покажа како е можно тоа да го постигне секој човек определен кон колективното добро.

Името на Сефедин Нуредини останува врежано во културната и општествената јавност во Република Македонија“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски