ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со грипот е во надлежност на епидемиолозите, а не на политичките партии

Од:

Следењето на грипот како заразно заболување и преземање мерки за спречување на негово ширење е во надлежност на стручните лица – епидемиолози, а не во надлежност на политичките партии, наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на денешните обвинувања од СДСМ дека власта направила ситемски пропусти околу превенцијата од грип.

– Грип во Македонија во овој период имало и ќе има, а значајно е што надлежните институции навремено ги превземаат соодветните активности. Ги упатуваме граѓаните да ги следат инструкциите на надлежните и нивните матични лекари, а не политикантството и надрилекарството на СДСМ. Апсурноста на СДСМ со оваа изјава го достигна врвот. Не би не зачудило ако утре Зоран Заев и СДСМ презентираат проект дека ќе го укинат или забранат грипот, вирозите и настинките во Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања