Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави денеска дека во таа руска покраина уапсен е „исклучително опасниот терорист“ Имран Дацаев, припадник на екстремистичка група под контрола на Исламска држава, како и уште 50 џихадисти.
– Сега целата група бандити е неутрализирана и повеќе од 50 членови се одведени во полициски станици, наведе Кадиров.