Фина погача со фил од лук и магдонос

Од:

Многу вкусна, мека, ароматична погача …

Потребно е:
за тестото:
2 1/2 лажичиња сув квасец
50 мл млако млеко
1 лажица мед
3 лажици маслиново масло
1 лажице сол
250 мл кисело млеко
500 гр брашно

за филување:
70 гр путер
2-3 чешниња лук
1 лажиче сув копар
2 лажици сецкан свеж магдонос

1 јајце, за премачкување

Подготовка:
– Прво изработете ја смесата за премачкување. Во еден сад измешајте ги убаво путерот, истолчениот лук, копарот и магдоносот. Од хомогената смеса формирајте ролат, завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер да се стегне.

– Во друг сад ставете ги квасецот и медот, и додадете го млакото млеко. Измешајте и оставете 15-тина минути да стои.

– Потоа додадете ги маслото, киселото млеко и сол. На крај почнете постепено да го додавате брашното. Замесете тесто кое треба да биде меко, но не лепливо. Оставете го да стои половина час.

– Од тестото направете 12 топчиња кои ќе ги наредите во мала намастена тава и оставете ги покриени уште половина час.

– Извадете ја смесата со путер од фрижидер и поделете ја на 12 дела. Секое делче од смесата притиснете го јако во средината на секое топче. Одоколу тестото премачкајте го со изматено јајце.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени 12-15 минути. Додека се печат сите парчиња ќе се спојат и ќе формираат погача.

– Кога ќе ја извадите од рерна погачата покријте ја со крпа и оставете ја малку да се излади.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска