Белгиската полиција приведе тројца осомничени терористи

Од:

Во антитерористичка акција на белгиската полиција во бриселската населба Моленбек се приведени три лица, поради сомнеж за поврзаност со терористички групи, соопшти синоќа Јавното обвинителство на Белгија.

– Акцијата беше спроведена во рамки на истрага што ја води Обвинителството во Брисел. При претресите на неколку објекти не е пронајдено ништо, но на сослушување се приведени три лица, соопшти претставник на Обвинителството.

За време на операцијата целосно бил блокиран реонот во кој таа била спроведена.

Населбата Моленбек стана позната за поширокта јавност, како место на живеење на исламските терористи кои ги извршија нападите во Париз во ноември 2015 година, при што беа убиени 130 лица.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски