ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја тера партијата да пушта соопштенија полни со лаги и манипулации

Од:

„СДСМ продолжува да манифестира елементарно непознавање за функционирањето на електроенергетскиот систем и односите меѓу сите чинители. Во услови кога Грција, Бугарија, а вчера и Романија ги затворија границите за транзит на енергија, Република Македонија ги обезбеди потребните количини во услови на огромна потрошувачка со цел да одржи стабилност во снабдувањето со електрична енергија.

Предизвиците со кои поради екстремните временски услови се соочуваат без малку сите електроенергетски системи во регионот и во поголемиот дел од Југоисточна и Централна Европа ги обедини сите релевантни чинители да се обидат да ги најдат најдобрите решенија за одржување на континуираното снабдување со електрична енергија.

Само во Македонија, опозицијата во обид ситно да профитира тоа упорно се обидува да го скандализира и да си најде повод за голи критики, иако целиот процес се одвива транспарентно, во согласност со правилата и процедурите востановени од Регулаторната комисија за енергетика. Но што да се очекува друго од СДСМ кога квази експерт за енергетика е Митко Андреевски чиј дострел е јавување по телефони за фингирање на анкети, или бизнис зделките со неговиот лидер Зоран Заев со виртуелната и фиктивна гасификација на општина Струмица.

Очигледно Зоран Заев во обид да се извади од новиот мега скандал за снабдување со гас на Струмица, ја тера партијата да пушта соопштенија полни со лаги и манипулации. Граѓаните на 11-ти декември гласаа за одговорност пред институциите на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Нему веќе не може да му помогне ниту Црвенковски, ниту Катица Јанева за да мине неказнето како во случајот „Глобал“ или во случајот „Пуч“.

Мора да бидат расчистени милионските тендери со неговиот пајташ и партиски претседател на комисијата за енергетика Митко Андреевски. Ниедно апсурдно соопштение или реакција полна со лаги и манипулации нема да го покријат скандалозното снабдување со гас на Општина Струмица.

СДСМ критикува дека непотребно се увезува струја, која би влијаела на цената на електричната енергија, а се залага за вклучување на ТЕЦ Неготино. Токму со овој предлог опозицијата директно иницира зголемување на цената на струјата, затоа што со моменталните цени на мазутот, како и сите останатите средства што мора да се платат за активирање на овој капацитет, трошоците би биле повеќе пати повисоки, во однос на цената според која се набавува електричната енергија, и неколку пати повисока во однос на цените со кои во моментов се тргува на берзите во регионот и пошироко.

Зачудени сме што СДСМ повторно покажуваат лажно душегрижнитво за ТЕЦ Осломеј, а пред да заминат од власт во 2006-та година го оставија овој капацитет без јаглен, а термоелектраната во катастрофална состојба. Граѓаните може да бидат спокојни, бидејќи квази експертите и бизнис пајташи на СДСМ и Заев не се на позиција да го водат енергетскиот систем, бидејќи може само да се замисли каква катастрофа можеше да му се случи на системот во вакви екстремни временски ситуации.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи континуирано да работи за подобрување на енергетската слика на Република Македонија, така и ќе продолжи и во иднина со реализирање на бројните мерки и проекти предвидени со досега најобемната програма РЕАЛНО“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа