Иванов – Нишани: Инцидентите се неприфатливи, сторителите да се санкционираат

Од:

Последните инциденти за време на посетата на премиерот Никола Груевски на Албанија и палењето на македонски знамиња во Тирана се неприфатливи и неодговорни, а сторителите треба институционано да се санкционираат, за да не биде испратена лоша порака, се согласиja македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговиот албански колега Бујар Нишани на денешната средба на маргините од 4. Регионален претседателски самит во Будва на тема „Соработка кон напредок – предизвици и одговори“.

Двајцата претседатели заклучиja дека не смее да се дозволи никој да ги наруши добрите односи меѓу двете земји кои заемно се градени изминативе години. Оценија дека тие во континуитет се на високо ниво, за што најдобар показател е интензитетот на официјални посети и соработката во сите области од заеднички интерес.

На средбата Иванов и Нишани се заложиja за продолжување на добрата соработка со особен акцент на економијата и ја потврдиja меѓусебната поддршка за интегрирањето на Република Македонија во НАТО и во ЕУ, и на Република Албанија во ЕУ.

Македонскиот претседател ја прифати и поканата за официјална посета на Албанија во текот на 2013 година. Заедничка констатација беше дека двете земји треба да се фокусираат на проекти од значење за иднината на своите граѓани, со акцент на економијата и инфраструктурното поврзување.

Шефот на државата Иванов на маргините од самитот во Будва се сретна и со претседателот на Косово Атифете Јахјага. На средбата изразено е задоволство од воспоставениот континуиран, конструктивен и пријателски дијалог меѓу двете држави и разменето е мислење за прашањата од заемен интерес. Со цел продлабочување на соработката,  двајцата претседатели се согласиja дека е потребно унапредување на договорната рамка меѓу двете држави.

Претседателот Иванов изрази поддршка за евроатланските аспирации на Косово, со јасно дефинираните ставови кои кореспондираат со позициите на САД, ЕУ, НАТО и ОН и подготвеност за пренесување на позитивните реформски  искуства на Република Македонија во клучните области.

Иванов изрази очекување за признавање на Гораните – Македонци на Косово како уставна категорија на македонско национално малцинство.

На средбата e разменето мислење и за регионалните случувања, а македонскиот претседател искажа и интерес за текот на дијалогот Белград – Приштина. 

На средбата пак со неговиот црногорски колега Филип Вујановиќ, Иванов изразено е задоволство од развојот на севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Црна Гора и разменени се мислење за актуелните политички состојби во двете држави и за очекувањата од претстојниот Совет на ЕУ.

Претседателот Иванов упати честитки за постигнатиот напредок на Црна Гора на патот кон ЕУ и почетокот на пристапните преговори за членство. Тој искажа интерес за зајакнување на соработката на експертско ниво во контекст на процесот на пристапување кон Унијата, како и за унапредување на економската соработка која, како што оценија, е на многу ниско ниво. Станало збор и за регионалните иницијативи – ПСЈИЕ и Дијалогот меѓу цивилизациите, со кои идната година претседава Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on