Истражување во Белгија покажа дека 14% од вработените пијат премногу

Од:

Четиринаесет проценти од вработените во Белгија пијат повеќе од десет алкохолни пијалоци неделно и во принцип пијат премногу, покажа студијата на „Секурекс ХР Сервиси“ компанијата за потребите на фламанската национална ТВ-станица „ВТМ“. Според оваа студија на „Секурекс“, 14 проценти од вработените пијат повеќе од директивата на Центарот за експертиза за алкохол и дроги на регионот Фландрија (ВАД), а која гласи десет стандардни алкохолни пијалоци неделно за вработени, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според истражувањето, дури 18 проценти од вработените припадници на посилниот пол ја надминуваат поставената граница за консумпција на алкохол неделно, додека кај жените, тоа е случај со девет проценти од нив.

Инаку, поголем е процентот на лица што се вработени во приватниот сектор, а кои пијат прекумерно (14 отсто), а и пушат повеќе цигари (23 проценти), наспроти вработените во јавната администрација, кај кои 12 отсто го надминуваат лимитот за употреба на алкохолни пијалоци, а само девет проценти пушат отповеќе цигари.

Студијата на „Секурекс“ во Кралството Белгија, покажа дека прекумерното пиење алкохол и стресот одат рака под рака и оние лица што пијат повеќе од дозволеното не се чувствуваат добро и тоа влијае на нивните перформанси. А, ова истражување е спроведено на 1.671 вработено лице во Белгија, што според „Секурекс“ е стандарден репрезентативен примерок.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски