Најмалку 30 луѓе загинаа, а десетици се повредени во судирите поради стока меѓу две раскарани етнички заедници во Јужен Судан.
Млади припадници на етничката група Динка Гок од државата Лакес, вооружени со автоматски пушки осум часови марширале и го нападнале ривалското етничко племе Динка Рек во државата Варап.
Во судирот 22 загинале, а 18 се повредени од заедницата Динка Гок, додека од Динка Рек загинале деветмина, а 24 се повредени.
Судирот се случил во петокот, но за него соопштиле преживеаните припадници откако се вратиле кај своите семејства.
Пред само две недели водени се преговори меѓу двете етнички групи при што е договорено разоружување на младите припадници на заедниците кои преземаат осветнички напади.