Меко, сочно и ароматично парче свинско месо. Видете како се подготвува…
Потребно е:
1 парче свинско филе од околу 500 гр
2 парчиња лук
1 лажиче сув босилек
1 лажиче суво оригано
1 лажиче сув рузмарин
1 лажица буковец
половина лажиче сол
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
– Во блендер ставете ги лукчињата, зачините и маслиновото масло. Миксајте додека да добиете еднолична смеса.
– Земете една алуминиумска фолија и на неа ставете малку од смесата со зачини.
– Ставете го месото, намачкајте го со остатокот од смесата и убаво втријте ги зачините во месото. Завиткајте го месото со фолијата, убаво.
– Ставете го во тавче за печење и печете го во рерна загреана на 220 целзиусoви степени, околу 40-45 минути, во зависност од јачината на вашата рерна.
– Кога месото ќе биде печено, извадете го од рерна и оставете го да се одмори во фолијата околу 10 минути, за да се соберат сите сокови кои се создале во текот на печењето.
– Исечете го и сервирајте со прилог по желба (ориз, пире, печени компири).