СДСМ: Власта во заминување да престане да лаже и да почне да штеди струја!

Од:

„Ситуацијата со недостиг на струја е сериозна! Ќе се увезува струја и следната недела. Ќе се одлеваат нови милиони евра ваши пари за скапиот увоз.

Еве официјален документ во прилог!

Распишан е нов тендер за увоз на струја за периодот од 14 до 22 јануари. Ова на денешната прес конференција го сокри директорот на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицоски. Ако за 5 дена плативме 2 милиона евра за увезена струја, колку ќе платиме за струјата што треба да ја увеземе во следните 8 дена?

Несовесно и неодговорно е власта во заминување да ги теши граѓаните со прогнози за временската состојба и со топење на снегот. Бараме власта во заминување веднаш да почне да штеди струја за домаќинствата на кои им е неопходна, наместо да троши за осветлување неважни објекти, како на пример спомениците од Скопје 2014 или огромната зграда на ВМРО-ДПМНЕ.

Предупредуваме да престане лажењето на граѓаните. Доволна штета направи оваа власт со криминалните политики со коишто се богатеше, наместо да вложува во домашните енергетски капацитети.

Затоа е итно потребна и нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија, којашто ќе почне со реални политики да ги решава реалните потреби на граѓаните. Предупредуваме дека ќе има одговорност за сите штети врз граѓаните на Република Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа