Муцунски: СДСМ загуби, затоа Заев треба да си поднесе оставка

Од:

Поминаа 31 ден. Нема ниту траг од исполнувањето на јавното ветување на Зоран Заев дека ќе си поднесе оставка доколку СДСМ ги изгуби изборите. Народот за ова вика „образ како ѓон“. СДСМ загуби, а раководството е поразено, рече на денешната прес-конференција Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова раководство на СДСМ и официјално го загуби кредибилитетот од граѓаните. Граѓаните испратија порака. Мнозинството граѓани силно и одлучно кажаа стоп на разградувањето на државата и креирањето кризи од страна на СДСМ, истакна Муцунски.

Посочи дека нема друг пример во која било земја лидерот на опозицијата да доживее пораз, да биде фатен на видео како прима поткуп од 200 илјади евра, да биде аболициран за криминал од 8.5 милиони евра, да дели тендери на фирми на свои блиски роднини и пријатели и повторно да излезе и да ја лаже јавноста. – Затоа треба Заев да си поднесе оставка, додаде Муцунски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ