Потребно е:
500 гр меко брашно
200 мл јогурт
1 јајце
1/2 кесичка прашок за пециво
1 кесичка сув квасец
150 мл млеко
1 лажиче сол
за филот:
крем сирење, некој вид кашкавал, шунка, колбаси, маслинки, …
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги сите состојки и замесете тесто. покријте го со крпа и оставете го на топло да нарасне.
– Нараснатото тесто со сукала тенко развлечете го на работна површина.
– На неколку сантиметри ставајте од филоти преклопете со тесто. Крофните извадете ги со модла или пак чаша. Внимавајте филот треба да остане во средината на крофната.
– Оставете ги крофните уште малку да стојат на топло за да нараснат.
– За тоа време загрејте масло во сад на рингла. Пржете ги крофните на загреано масло од секоја страна по неколку минути, односно додека да поруменат.