ВМРО-ДПМНЕ: Процесот на десоросоизација отпочнува

Од:

„СДСМ и Сорос се гробарите на невладиниот сектор во Република Македонија.

СДСМ и Сорос системски ја уништуваат демократијата преку атак врз секоја мисла која е различна од диктатите на Бихаќка и идеите на Џорџ Сорос во изминативе 25 години.

СДСМ и Сорос системски ги корумпираат новинарите и медиумите, уништувајќи ја конструктивната критика, паралелно блокирајќи ги и процесите за расчистување со црното минато.

Најголемото достигнување на СДСМ и Сорос е деструктивната платеничка револуција. Најголемиот успех е насилството врз полицијата и демолирањето на државните институции.

Најголем дострел им се десетиците повредени полицајци и уништените културни споменици. Императив на СДСМ и Сорос е сузбивањето на критичката мисла во Република Македонија.

СДСМ и Сорос се срам и елементарна непогода за Република Македонија.

На 11-ти декември народот јасно, одважно и прецизно и кажа „Не“ на целата деструкција во режија на аболицираниот криминалец Зоран Заев и соросовите инсталации во Македонија.

Народот одлучи: процесот на десоросоизација отпочнува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски