Блажески до ВМРО-ДПМНЕ: „Ново-старо“ раководство и невиден политички аматеризам

Од:

Советникот од Охрид, Дејан Блажески реагира на денешната прес конференција на претседателот на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Љубен Арнаудов и на изјавата дека Охрид ќе добие марина, а проектот кој ќе се реализира од 2018-2020 година, ќе чини 2 милиони евра.

Еве што напиша Блажески:

Рано е господа за локални, рано….Сепак, споделени на мојот профил повеќе ќе Ве прочитаат.

Повеќе од десет години зборуваат за во следните четири. Денешнава прес-конференцја на ДПМНЕ е со ветување за во 2018-2020 година. А, до тогаш ниту ќе сте пратеници, ниту власт.

И, замислете да го знаеш ова и понатаму дрско да лажеш. Во меѓувреме, веројатно голем дел од лицата на оваа слика треба да се на своите работни места.

Елем, за Вас не важат закони, но затоа оние кои ја носат опозициската стигма се на седумдесет проценти дома. “Ново-старо” раководство и невиден политички аматеризам.

Неколку прашања само: Што мислите за Македонија Пат, што мислите за загаденоста на каналот, што мислите за опожарениот дом, што мислите за сиромашните граѓани кои немаат пари за греење, што мислите за незагреаната болница,што мислите кога ги правите прес-конференците?

И да, не знам зошто за овие работи не ве прашаат?! Важно е дека локалниот Амди Бајрам е со Вас (не е на фотографијата).

Туку и еколошки сум мирен, Вие ништо не градите.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија