Општинската организација на Црвен крст во соработка со Меѓуопштинскот центар за социјална работа, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, посетија девет семејства, главно со стари и изнемоштени лица и социјално загрозени и им поделија пакети со храна, хигиенски средства, ќебиња и лекови.
– Во соработка со Меѓуопштинскот центар за социјална работа, нашите волонтери посетија девет стари и изнемоштени лица и им доставија најнеопходна помош. Девет од нив се во општина Дебар и едно во општина Центар Жупа, поточно во селото Бајрамовци, изјави секретарот на дебарскиот Црвен крст, Исни Телќиу.
Тој посочи дека едно лице, бездомник, е сместено во соодветни простории и пружена му е здравствена и друга помош.
Ваквите активности, нагласи, се реализираат во координација со Општинскиот кризен штаб и по препорака на Министертвото за труд и социјална политика, а се дел од владините мерки за реакција во вонредни состојби, конкретно, поради екстремно ниските температури.
– Од Републикиот Црвен крст побаравме допоплнителна количина на помош за повеќе лица, во случај на евентуален прекин на сообраќајот поради снежни врнежи или евентуални лавини кои во овој период на годината во нашиот регион се честа појава. Со нив би ги опфатиле, доколку има потреба и селата од подрачјето на Мала Река, Гари, Лазарополе, Тресонче и други, нагласи Телќиу.
Според него, дебарскиот Црвен крст и натаму е во подготвен да им излезе во пресрет на ранливите категории граѓани во поширокото дебарско подрачје, со дистрибуција на потребната помош.