ВМРО-ДПМНЕ: Заев е историја. Лоша, црна историја

Од:

„Криминалната групација СДСМ, на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев, не престанува да ги потценува и понижува македонските граѓани правејќи секојдневни обиди за продолжување на сопствениот политички опстанок преку втурнување на државата во нова криза.

Криминалната групација СДСМ е единствена партија во Европа, која за Претседател има аболициран криминалец, за финансиски криминал тежок 8 милиони евра.

Граѓаните на Македонија, на изборите од 11-ти декември, јасно ја изразија својата волја и им кажаа едно големо НЕ, на политиките на уништување на македонската економија и држава, на коруптивните политичари и профитери од криминалната групација СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот од граѓаните за да формира Влада и да ја преточи нивната волја во реални мерки и проекти, за нивен подобар живот.

Политичарите од криминалната групација СДСМ, наместо да ја научат лекцијата, наместо да ги залажуваат своите членовите со разни приказни, треба да ја прифатат реалноста дека за криминал се одговара. Не помагаат средби со никаков Столе од Италијанска амбасада. Македонскиот народ гласаше дека аболицираниот криминалец не смее веќе да бега од правдата, која мора да биде еднаква за сите. Тука веќе не помагаат неговите нарачани соопштенија по завршените партиски состаноци. Заев е историја. Лоша, црна историја.

Наместо патетичните соопштенија со кои Заев се уште мисли дека ги лаже членовите на својата партија дека не бил поразен на изборите, тие очекуваат одговор кога ќе го исполни ветувањето и ќе си ја даде оставката што ја вети“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ испратено по Извршниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата