А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лустрацијата на јавноста и покажува кој кодошел за личен интерес

by А1он10/01/2017 - 17:4811/01/2017 - 08:18354
Share0

Процесот на лустрацијата на јавноста и ја покажа вистината за луѓето што кодошеле други заради личен интерес, напредок во кариера или слично, а некаде и за пари. За тоа постојат документи кои и се достапни на јавноста и веќе секој може да се увери како одредени ликови доаѓале до своите позиции во минатото со уништување на судбини на други луѓе или цели семејства, велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на соопштението на СДСМ.

Добивај вести на вибер

„СДСМ како и денес така и во минатото не смогна доблест и храброст да го поздрави овој процес кој сите посткомунистички држави во Европа го направија. СДСМ никогаш не успеа да расчисти со минатото и недемократските методи кои тие и нивните претходници ги правеле. Но што впрочем да се очекува од партијата чии функционери даваа налози да се водат досиеа за своите политички неистомисленици дури и по независноста на Македонија. Тоа говори за нивниот капацитет и поимање за демократијата.

Сепак граѓаните денес јасно може да ги видат официјалните документи од тајните служби и соработката која ја имал Божин Павловски и таквите како него, нивната улога во следењето и репресијата која се вршела врз Петре М Андреевски, Гане Тодоровски, Симон Дракул и Љубиша Георгиевски. Голем број на уметници, писатели, актери биле жртви само доколку некој во бифе споменел нешто против системот, веднаш се активирала кодошката структура која на УДБА и дојавувала детали за животот на инкримираните. Последиците потоа по нивните животи ги чувствувале уште многу години.

Ако на СДСМ не им е јасно како функционирало тоа, им препорачуваме конкретнии едиции во кои јасно се опишува како уметноста станувала мета на службите. Судот на историјата и јавноста е тој кој што СДСМ и нивните истомисленици никогаш нема да може да го оспорат“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnelustracija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен