Новите снежни врнежи не направија проблеми во Тетовско

Од:

Сите патишта во Тетовско се проодни. Како што информира Општинскиот кризен штаб, новите снежни врнежи не направија проблеми во патниот сообраќај. Ситуацијата се следи будно, а механизацијата е постојано на терен.

– Наши екипи се постојано на терен и реагираат веднаш на расчистување на патиштата од снегот кој поради силниот ветер може да се спушти на некој коловоз, изјави Ука Алити од Кризниот шаб Тетово.

Според Кризниот штаб, денеска ќе се расчистува снегот од тротоарите во градот.

Од Јавното претпријатие Македонија пат – секција Тетово, пак, информираат дека сите автопати и регионални патишта во Тетовско се проодни.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра

Кривични пријави и притвор за престрелката во Тетово, двајца се во бегство

Катерина Ѓуровски

Притвор за сите што со автоматски пушки пукаа во возилото во Тетово и го убија возачот

Предраг Петровиќ

Двајца малолетници и две жени се уапсени за убиството во Тетово

Горан Наумовски

Уапсени се три лица за вчерашната престрелка во Тетово