ВМРО-ДПМНЕ: Новата боемска улица на Жерновски чини 710.000 евра

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира на работењето на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, за уредувањето на боемските улици и нивната вредност.

– Граѓаните на општина Центар не можат да излезат на крај со неисчистените улици од снегот и мразот, но Андреј Жерновски е единствениот градоначалник кој им пружи за уживање 270 метри боемска улица која чини неверојатни 710.000 евра, изјави денеска Јордан Ристевски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

За секој метар од оваа боемска улица, според Ристевски, Жерновски платил по 2.629 евра.

– Неработењето на Жерновски кулминираше со уредувањето на втората боемска улица од 270 метри, улица која чини колку три градинки во општина Центар, рече Ристевски.

Според јавната набавка која ја склучила општина Центар, како што кажа тој, проценетата вредност на договорот била 39.661.017 денари, додека пак целосната сума која е исплатена изнесува 43.632.737 денари или четири милиони денари повеќе.

– Граѓаните заслужуваат Андреј Жерновски да им објасни каде се потрошени тие четири милиони денари. За да биде уште поспектакуларна Боемската улица 2, Жерновски за уредување на дрворедот платил дури 860.000 денари, рече Ристевски кој исто така бара одговор колку чинеше отворањето на улицата.

Ристевски тврди дека двете боемски улици во општина Центар чинат повеќе од 1.2 милиони евра пари на граѓаните на општина Центар.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ