Темпурата е традиционално јапонско јадење …
Потребно е:
400 гр свежи ракчиња
400 гр разновиден зеленчук (пиперки, кромид, букавка, тиквички и сл.)
250 гр пченично остро брашно
250 гр пченично меко брашно
1 прашок за пециво
2 белки
700 мл многу ладна вода
масло за пржење
1 лажица мелен сув зачин
за сервирање:
сос од соја
Подготовка:
– Ракчињата ставете ги кратко за замрзнувач, а потоа исчистете ги од оклопот.
– Зеленчукот и печурките измијте ги убаво, исушете ги и исечете ги на стапчиња (на пиперките излупете има ја кожата).
– Ставете го брашното во подлабок сад, додадете го и прашокот за пециво и измешајте. Додадете ги белките и ладната вода и со маталка убаво изматете да добиете течно глатко тесто. Тестото кратко ставете го во фрижидер.
– Во далбока тава убаво загрејте го маслото. Зеленчкукот посипете го со мелен сув зачин и измешајте.
– Со рака земајте од зеленчукот, потопете го во тестото и ставете ги во врело масло да се пржат. Истото направете го и со ракчињата.
– Испржениот зеленчук и ракчиња извадете ги од маслото со решеткаста лажица и ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.
– Послужете ги веднаш на топли чинии испрскани со сос од соја.