Вкусна комбинација на пилешко со пршута …
Потребно е:
за ролничките:
800 гр пилешко бело месо
400 гр пршута
1 лажиче путер
малку бибер
за сосот:
2 главици црвен кромид
600 мл пасирани домати
малку сол
малку шеќер
Подготовка:
– Пилешкото месо исечете го на тенки шницли, истолчете ги малку со дрвен чук и зачинете со бибер.
– На парче тенко исечена пршута ставете една пилешка шницла и замотајте ги како ролничка.
– Во тава на рингла на 1 лажиче путер испржете ги ролничките. тргнете ги на страна.
– Во истата тава испржете го ситно сецканиот кромид. Додадете ги пасираните домати, посолете и ако доматите се многу кисели додадете и малку шеќер.
– Во сосот во тавата вратете ги веќе испржените ролнички и кратко оставете да се динстаат.