Торта со целувки без печење

Од:

Нема печење, готова е за најмногу 20 минути …

Потребно е:
4 јајца
200 гр целувки
1 чоколадо за готвење
200 гр шеќер во прав
300 гр мелени бисквити
1 маргарин
2 кесички шлаг пена

Подготовка:
– Мелените бисквити измешајте ги со малку растопен путер и малку топло млеко. Смесата распоредете ја на дното на калапот за торти.

– Над неа наредете ги целувките.

– Одвоите ги белките од жолчките. Белките изматете ги во густ шлаг.

– Посебно изматете ги жолчките со шеќерот.

– Чоколадото растопете го на пареа.

– Сите три смеси измешајте ги заедно. Додадете го и маргаринот и изматете убаво. Оваа смеса сипете ја над целувките.

– Изматете ги шлаг пените од кесичка и нанесете ги над темниот крем.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска