ВМРО-ДПМНЕ: Струмичани на локалните избори ќе стават крај на лагите на аболицираниот криминалец Заев

Од:

„Алармантна е негрижата на Зоран Заев и локалната власт во Струмица за градот и струмичани во периодот кога владее поларен студ.

Викендов во Струмица повеќе од 30 лица се пожалиле на повреди поради лизгање и паѓање на мразот кој Зоран Заев и локалната самоуправа не го исчистиле од струмичките улици.

Во Струмица на улица 12 луѓе се здобиле со скршеници, некои од нив се оперирани. Сето ова поради лизгање и паѓање на мразот. Поради ваквата состојба лекарите препорачуваат струмичани, особено повозрасните, да не излегуваат од дома.

Ете што Заев направи од градот. Додека тој новогодишните празници ги поминува во луксузни одморалишта во топли краеви, а божиќните денови ги исполнува уживајќи по планини со скапи возила за возење на снег, за што гордо се фали на социјалните мрежи, струмичани добиваат совети да не излегуваат од дома за да не се здобијат со скршеници, затоа што нивниот градоначалник не води сметка за нив, нивната безбедност и здравје.

За аболицираниот криминалец Зоран Заев е поважен личниот луксуз, отколку граѓаните кои му ја дале довербата да води сметка за нив и условите во кои живеат.

Срамен е ваквиот незаинтересиран однос на Заев. За него Струмица и струмичани се интересни само кога преку криминални тендери може да им ги црпи парите со кои ќе гради хациенди на тропски локации и ќе бега од градот и од одговорноста која ја има.

Хаосот во Струмица е доказ за неспособноста на Заев. Аболицираниот криминалец Заев никогаш не го интересирале граѓаните, условите во кои живеат и подобрувањето на нивниот стандард. Го интересирал само луксузот, личното криминално богатење и милионите што секојдневно легнуваат на сметка на неговите најблиски.

Истото што го направи со милионите од Глобал го прави со милионите од струмичкиот гас, го прави со дивоградбата на Цареви Kули и со сите криминални тендери во општината.

Сето ова ќе заврши наскоро. Струмичани на локалните избори ќе стават крај на лагите на аболицираниот криминалец Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните