Истанбул се враќа во Ф1 календарот за 2013 година

Од:

По една година отсуство од Формула 1, големи се шансите за трката во Истанбул да се врати во календарот.

Турција го загуби своето место во календарот бидејќи Берни Еклстоун ја удвои цената на лиценцата, откако претходно беше во конфликт со турските власти кои му го дадоа автодромот под наем, но не сакаа да ја рекламираат трката.

Но, генералното собрание на ФИА годинава се одржува токму во Истанбул и тука ќе се одржи последната седница на Светскиот совет за моторспорт на оваа федерација, каде што ќе биде продуциран и финалниот календар за 2013 година.

Ова ги поттикна заинтересираните страни да размислуваат на оваа тема, па протекоа неофицијални инфомрации дека локалниот бизнисмен Вурал Ак сака да ја преземе организацијата на трката. Според неименувани извори, турската влада ќе продолжи да го плаќа истиот износ, односно 50% од сумата на лиценцата, додека тој треба да ги обезбеди останатите средства. Наводно, овој бизнисмен кој е мнозински акционер во рент-а-кар компанијата Интерсити, веќе потпишал договор за преземање на патеката под наем за сума од 9 милиони долари годишно, па се очекува во Истанбул да се возат и трки од ДТМ, како и од националното првенство.

Берни Еклстоун се уште го нема потврдено ова, а седницата на ФИА ќе биде на 7 декември. Во изјава за Газета дело спорт, одговарајќи на неодамнешните критики од Лука ди Монтеѕемоло дека е премногу стар за да го води спортот, Еклстоун накратко го спомна можното враќање на турската трка.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он