ФИФА го објави најдобриот тим за 2016 година на церемонијата за доделување на „фудбалските оскари“ која во моментов се одржува во Цирих, а ќе заврши со доделување на наградата „Д Бест“ за најдобар фудбалер.
Најдобрите 11 според ФИФА за минатата година се:
Голман: Мануел Ноер
Одбрана: Дани Алвес, Жерар Пике, Серхио Рамос и Марсело
Среден ред: Лука Модриќ, Тони Крос и Иниеста
Напад: Меси, Луис Суарез и Кристијано Роналдо
Во тимот доминираат фудбалери на Реал Мадрид и Барселона дури девет и по еден од Јувентус и Баерн Минхен.