Пакистан првпат истрела крилеста ракета од морско тло, приспособена да носи нуклеарна боева глава, соопшти денеска пакистанската армија.
Ракетата „Бабур-3“, што е со досег од 450 километри, била истрелана од неодредена точка во Индискиот Океан.
Пакистанската армија наведе дека „Бабур -3“ е способна да носи различни боеви глави и дека со тоа на Пакистан ќе му обезбеди способност за нанесување сериозни удари.
„Бабур-3“ е модификација на поморско стационираната ракета „Бабур – 2“, што има и свое земјено стационирање и беше тестирана во декември.
Според пакистанската армија параметрите на ракетата вклучуваат податоци како контрола на движење под вода и модерни технологии за насочување.
Тестирањето веројатно ќе ги влоши односите меѓу Индија и Пакистан.
Двете соседни држави, кои се нуклеарни сили, дисега водеа три војни по независноста од Велика Британија во 1947 година.
И двете земји развија свои ракетни програми, откако во мај 1998 година спроведоа нуклеарни тестирања.