В.Д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски најави дека синдикалците ќе протестираат секој ден пред зградата на Сојузот на синдикати се додека Живко Митевски не си замине.
– Ова нема да застане тука, секој ден ќе не има се побројни иако температурите ќе одат во минус. Живко, напуштија зградата, не те сакаме ти си мафијаш, крадец, ајдук и тоа ќе го докажеме на суд и преку медиумите, рече Димовски.
Пред 3 дена Димовски беше физички нападнат откако група луѓе влегле во зградата на ССМ и насилно ги исфрлиле вработените од просториите.
– Додека го исфрлаа В.Д. претседателот Дарко Димовски, Живко Митревски стоеше внатре како психопат и се смееше како не исфрлаат нас рекетарите негови надвор од оваа зграда, вели Маријан Поповски.
– Му порачувам да си оди од овој синдикат, доста го јадеше овој леб работнички. Тој е најголемиот гробар на синдикализмот во Македонија, додаде Поповски.
Синдикалците го обвинија Митревски дека откако е претседател, манипулира со Сојузот на синдикати и ја прашаа полицијата зошто го брани иако тој веќе не е претседател на ССМ.
Виктор Јованов