Фантастичен ролат од мелено месо …
Потребно е:
1 кг мелено месо
1 јајце
2 лажици Ворчестер сос
2 лажици ситно сецкан свеж магдонос
5 лажици лебни трошки
сол, бибер
10 тенки парчиња сланина
за филот:
500 гр пилешки дробови
200 гр печурки
1 главица кромид
Подготовка:
– Кромидот исецкајте го ситно. И печурките исечете ги на тенки листови. Пропржете ги на малку масло додека да испари целата течност што ќе ја пуштат печурките.
– Додадете ги ситно сецканите пилешки дробови и пржете ги 7-8 минути. Пред самиот крај додадете ги ситно сецканиот лук, сол, бибер и мелен сув зачин. Целата смеса исасирајте ја со вилушка да биде како паштета и оставете ја убаво да се излади.
– Во меленото месо додадете ги јајцето, лебните трошки, ситно сецканиот магдонос, Ворчестер сосот и сол и бибер.
– Местото ставете го на пластична фолија и обликувајте го како правоаголник.
– Над месото со лажица распоредете го филот и рамномерно размачкајте го.
– Со помош на пластичната фолија замоткајте го месото како ролат.
– Со парчињата сланина обложете го ролатот (види слика).
– Месниот ролат ставете го во тава обложена со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени околу 40 минути.