Декоративно и вкусно …
Потребно е:
за филот од праз:
250 гр свежо кравјо сирење (рикота)
2 страка праз (само белиот и светло зелениот дел)
1 лажица пармезан
1/2 кесичка желатин
3 лажици слатка павлака
1 лажица маслиново масло
сол и бибер, по вкус
за филот од шунка:
250 гр свежо кравјо сирење (рикота)
150 гр варена шунка
1/2 кесичка желатин
3 лажици слатка павлака
сол и бибер, по вкус
за декорирање:
парчиња тост леб
листови босилек, магдонос, копар или средината на празот
тенко исечени парчиња шунка
неколку лажици од секој фил
Подготовка:
– Исчистете го празот и исечете го на тркалца. Измијте го во ладна вода и убаво исцедете го. Оставете малку од празот на страна за декорација.
– Сецканиот праз ставете го да се динста во тава на масло. Посолете го малку. Динстајте го додека да омекне, но треба да остане светол.
– Желатинот измешајте го со слатката павлака и оставете да набабри. Ставете го садот на ниска температура на рингла и мешајте додека да се растопи желатинот.
– Во блендер ставете ги издинстаниот праз, растопениот желатин и останатите состојки и измелете ги во фина глатка смеса. Одвоите неколку лажици за декорација.
– Калап со обрач што се вади обложете го со хартија за печење. Сипете ја подготвената смеса и ставете ја во замрзнувач околу 30 минути да се стегне.
– За тоа време направете го филот од шунка. Желатинот измешајте го со слатката павлака и оставете да набабри. Ставете го садот на ниска температура на рингла и мешајте додека да се растопи желатинот.
– Повторно ставете ги сите состојки и растопениот желатин во блендер и убаво сомелете ги во глатка смеса.
– Добиениот фил распоредете го во калапот над филот од праз и повторно ставете го калапот во замрзнувач за да се стегне 3-4 часа или преку ноќ.
– Исечете ги краевите на кришките леб. Исечете ги на ленти со ширина 3-4 см и висина 1 см повиче од висината на двата фила во калапот. Наредете го исечениот леб во тава обложена со хартија за печење и запечете го во рерна до злано-жолта боја. Оставете да се излади.
– Превртете ја содржината од калапот на чинија за сервирање. По рабовите наредете ги тостираните парчиња леб. Ако сакате да ја декорирате Шарлотата може да врзете околу неа украсна трака.
– На горниот дел украсете ја по желба со филовите и парчињата праз што ги тргнавте на страна (види слика).
– Шарлотата сервирајте ја со уште препечен леб или крекери.