ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев мора да одговара за сторениот криминал

Од:

„Аболицираниот Зоран Заев и после три недели од одложувањето на рочиштето сеуште молчи и не и одговори на јавноста.

Аболицираниот Заев пред три недели по петти пат избега од законот и на кукавички начин го лажеше судот и јавноста дека има приватни обврски за да го одложи рочиштето.

Тој излажа дека ќе се сретне со италијанскиот амбасадор само за да го избегне рочиштето за случајот „Поткуп“, криминал од над 200.000 евра во кој беше фатен „жив“.

Аболицираниот Заев молчи пред јавноста и не признава дека се сретнал со својот пријател и сограѓанин со кој се видел претходно илјадници пати.

Аболицираниот Заев да собере храброст и да се соочи со законодавните органи и македонската јавност и да признае дека свесно лажел за да го избегне рочиштето.

Кукавичкото бегање од рочиштата за криминалот од над 200.000 евра е потврда дека аболицираниот криминалец Зоран Заев е фатен „жив“ во криминал до гуша.

Молчењето изминатите три недели го дава потврдниот одговор за неговата вина. Аболицираниот Заев се сретнал со неговиот соработник Стојан Витанов, кој бил причината за изигрувањето на судските органи.

Стојан Витанов е еден од неговите блиски соработници, управител и овластено лице на Младински Совет Струмица, организација преку која кланот Заеви испумпаа милионски суми, пари на струмичани.

Ги повикуваме надлежните органи и Судот да преземат законски мерки за овој случај, да ги занемарат притисоците за реизбор на судии од страна на аболицираниот криминалец Зоран Заев и да го разрешат овој случај.

Аболицираниот Заев треба да сноси одговорност што го лажеше Судот, судијата и јавноста. Заев има причина да се плаши и треба да се плаши, бидејќи ќе одговара за сторен криминал.

Никој не смее да избега од рацете на правдата. Граѓаните на Република Македонија очекуваат разрешница на овој случај.

Аболицираниот Заев мора да одговара за сторениот криминал“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски